Според увидот што го направила сообраќајната полиција од вчерашната сообраќајна несреќа, директорот на МНТ, возел под дејство на алкохол.
Драган Спасов Дац, со возило вчера околу 19.20 часот во сообраќајна незгода повредил 21- годишна девојка.
Од МВР потврдуваат дека лицето Драган Спасов кое со патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички удрило во пешакот Е.Ц,а со возилото управувало под дејство на алкохол. Девојката итно била префрлена во болница каде што се констатирани полесни повреди и е пратена на домашно лекување.