За прв пат во историјата на НБА-лигата еден играч на ист натпревар забележа трипл-дабл и постигна 60 поени. Тоа му тргна од рака на Џејмс Харден во триумфот на Хјустон над Орландо со 114:107.
Популарниот Брада ги постигна повеќе од половината поени за неговата екипа, а најблиску до него беше Клинт Капела со 12 поени!
Харден забележа и десет скока и 11 асистенции. Тој со постигнатите 60 поени го собори и рекордот на франшизата. За екипата на Орландо, Марио Хезоња постигна 17 поени.
Немања Бјелица во поразот на Минесота од Торонто со 109:104 имаше пет поени, пет скокови и две асистенции. Њујорк ги совлада соседите од Бруклин со 111:95 со неверојатниот дабл-дабл на Енес Кантер од 20 поени и 20 скока. Порзингис постигна 28, а од тие шест беа тројки.
Сакраменто кингс беше подобар од Њу Орлеанс со 114:103. Богдан Богдановиќ, репрезентативецот на Србија, постигна седум поени за 18 минути на теренот. Оклахома беше поразена од Вашингтон визардс со 102:96, во отсуство на Џон Вол, блескаа Ото Портер со 25 и Бредли Бил со 21 поен.
Расел Вестбрук имаше 13 поени, шест скокови и десет асистенции.