Триесет и петгодишен маж е повреден при пукање во Чаир. Инцидентот според полицијата се случил денеска околу 15.15 часот. Со огнено оружје бил повреден 35-годишниот Т. А. кој веднаш е пренесен во болница.

Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на улицата „Благоја Паровиќ“ во близина на берберницата „Прешево“. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полициски службеници се на местото на настанот, каде се пронајдени четири чаури.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 03:24