Најскапиот фудбалер на планетата, Неимар, покрена тужба против својот поранешен клуб Барселона за сума од околу 30 милиони евра.

Според договорот, Нејмар требаше да добие одредена сума двапати, но по трансферот во ПСЖ, Барселона никогаш не ја плати втората рата.

Во исто време, Каталонците планираат да покренат контра тужба против Бразилецот. Барселона бара Нејмар да го врати бонусот што го добил, како и уште 9 милиони евра надоместок. Клубот смета дека тој нема право на бонус, бидејќи договорот е прекинат на сопствена иницијатива пред датумот на плаќање на втората рата.

Барселона го обвини Нејмар дека неговото заминување ја чинело загуба од 75 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 13:44