Гете-институт Скопје ќе ја отвори интерактивната изложба GAMES AND POLITICS на 7 февруари во 18 часот во Аулата на Технолошки Факултет Скопје.

Интерактивнaта изложба Games und Politics ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив.

При отворањето на изложбата ќе има организирано нејзино разгледување и коментирање на игра, од страна на Кристијан Хубертс, научник за култура и медиуми од Германија и Гораст Цветковски, ко-основач на Македонската асоцијација за развивање игри- МАГДА.

Интерактивна изложба за видеоигри, уметност и политика

Интерактивнста изложба Games und Politics (Игри и Политика) ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив.

Огледало на општеството

Игрите сè почесто прераснуваат во нешто повеќе од само игра. Тие не можат да се разберат без влијанието на општеството кое игра, како и без нивното делување врз тоа општество. Профитот на браншата на видеоигрите, во меѓувреме го достигна оној на филмската индустрија. Видеоигрите имаат тенденција да ја одземат доминацјата на Холивуд (и Боливуд). Од детската соба на поединци тие се преселија во дневната соба на многумина: Тие се распроестранија на каучите, седиштата во воз и канцелариските столчиња.

Уметниците го користат овој медиум за да дозволат да се набљудува нивниот начин на функционирање и да ги одмерат границите на видеоиграта. Дизајнерите на игри се осврнуваат на нови теми и нови целни групи. Темите кои тие ги обработуваат се многу широко распространети. Покрај по непредвидливоста на политичката одлука (Democracy 3) се осегнува и по полови проблематики (Perfect Woman), државата како надгледувач (TouchTone und Orwell), заканувачката војна (Killbox), односот кон бегалците (Escape from Woomera), бунтот против тоталитарни системи (Yellow Umbrella), моќта на медиумите (The Westport Independent) или историски и актуелни политички настани (The Cat and the Coup und Madrid).

Games and Politics настана во 2016 година и се заснова врз изложбата Global Games на ZKM (Центар за уметност и медиуми) Карлсруе. Кураторите на изложбата избрале политички амбиционирани видеоигри од последните 12 години, кои ги истражуваат границите и можностите на овој жанр и со тоа претставуваат и предизвик за индустријата на разонода.

При отворањето на изложбата ќе има организирано нејзино разгледување и коментирање на игра, од страна на Кристијан Хубертс, научник за култура и медиуми од Германија.

Во рамките на изложбата Гете-институт Скопје заедно со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе организираат Гејм Џем, каде креативни луѓе 48 часа ќе програмираат игри.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 23:04