Вечерва околу 19:35 часот во скопската населба Сингелиќ се случила физичка пресметка помеѓу две поголеми групи. Инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“, при што една од групите, според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи, каменувала автобус со број 65 кој се сообраќај од Транспортен центар кон село Брњарци, при што биле искршени четири прозорци од вториот спрат на автобусот.

Според информациите приведени се вкупно 15 лица, од двете групи, а од МВР велат дека работат на расчистување на случајот и откривање на причините за инцидентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 23:27