Вонредни инспекции во дипломатско-конзуларните претставништва на Србија. По налог на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ започнат е вонреден надзор на амбасадите и конзулатите ширум светот. Весникот „Вечерни новости“ пишува дека екипи на министерството за надворешни работи испитуваат се: од финансикото работење до безбедносниот систем на преставништвата.
До сега ненајавено биле посетени амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период инспекција да има и во филијалите надвор од Европа.
„Амбасадорите не ги прифатија со големо одобрување овие вонредни контроли, а посебно се незадоволни со „факторот на изненадување“, односно за тоа што надзорот доаѓа без никаква најава. Екипите „чешлаат“ буквално се. Од финансии, безбедносен систем па до комуникациските канали на филијалите.“ – брифираат дипломатски извори за весникот Вечерни новости.
Тимот на чело со државниот секретар Ивица Тончев, подготвува детален извештај од инспекциите, кој ќе го му го достави на Дачиќ. Во зависност од регистрираните пропусти, на дипломатите им се закануват сериозни санкции, од прекршочни до кривични пријави. За филијалите кои ќе покажат дека работат под конец, предвидени се и награди.
Тимот за инспекции е формиран пред неколку месеци и има за цел да ја подобри дисциплината во работата на дипломатските претставништва. Тогаш, без објаснување беше затворена и српската амбасада во Скопје, а целиот персонал беше итно свикан на консултации во Белград.
Околу српската амбасада во Скопје е забележано зголемено присуство на полицијата, а од МНР за ТВ 24 велат дека се работи за почитување на Виенската конвенција при обезбедување на дипломатско преставништво.