Грчките власти му испратија досега најсеризно предупредување на посредникот Метју Нимиц поврзана со спорот за името со нашата земја. Пораката беше упатена преку министерот за надворешни работи Никос Коѕијас кој телефонски порача да не се меша или на било кој начин да ја коментира грчката политика и да ја опишува на погрешен начин.
Грчките власти се револтирани за она што го говореше посредникот за време на посетата на Скопје и средбата со министерот Никола Димитров дека македоскиот идентитет не смее да биде загрозен и дека никој нема право да го оспорува.
Овие ставови Нимиц ги повтори и на интерјуто за „еуроњус“ каде нагласи дека идентитетските прашања се многу важни, за, како што не нарече северниот сосед и дека времето не е наша страна и дека не може да предвиди што ќе се случува со владите во Атина и Скопје кои може да се сменат. Затоа најлошото сценарио вели тој е доколку преговорите се одолговлекуваат.
Се чини дека меѓународниот фактор е најзаинтересиран да се најде решение за билатаралниот спор. Таква порака испрати и американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат. Тој нагласува дека Постои јасна можност да се реши прашањето за името.
Запрашан дали предвидува затворање на прашањето за името пред НАТО Самитот, Пајат за Антена одговорил дека нема да даде никакво предвидување, но САД ги поддржуваат напорите на Нимиц.
Од македонските власти единствено премиерот Заев е оптимист дека решение може да се најде до јули за Македонија да добие покана за членство во НАТО.
И додека македонските граѓани во мал број го изразуваат незадоволството од можната промена на името и на македонскиот идентитет, атмосферата во Грција може да се радикализира. По протестот во Солун за утре во Атина е закажан голем протест и во Атина под мотото „сега сите заедно комитите ни се пред врата. На протестот се очекува да присустуваат над половина милион Грци со цел во името на нашата земја кое треба да биде договорено да не стои терминот „Македонија“ и дека за тоа мора да бидат прашани граѓаните на референдум.
На протестот организирано со бесплатни автобуси ќе пристгнуваат демонтранти од цела Грција , а Атина е преплавена во антимакедонски плакати во пресрет на протестот во недела на кои македонците се претставуваат како варвари и злоставувачи.
Смирувачка порака пред протестот испрати и вселенскиот патријарш Вартоломеј кој нагласува дека Важните и чувствителни прашања треба да се решаваат во мир со воздржаност и мудрост.
По протестот во Атина, следен голем собир против Македонија ќе биде на 18 февруари на граничниот премин Евзони.