Околу илјада приврзаници на поранешниот грузијски лидер и поранешен гувернер на украинската Одеса Михаил Сакашвили денеска организираа протест во центарот на Киев, барајќи промена на власта во државата.
Учесниците на протестот бараат оставка од претседателот Пјетро Порошенко, формирање нова влада и да се донесат закони кои ќе овозможат промена на власта во државата.
– Организиравме протести бидејќи видовме дека не можеме да и веруваме на оваа власт и уверени сме дека режимот нема да издржи до пролет, рече еден од учесниците.
На почетокот на декември, Сакашвили, кој сега е лидер на опозициското движење „Нова сила“, организираше протести за смена на претседателот, а на 10 јануари најави дека ќе почне да патува низ Украина со цел да најде нови кандидати за во влада.
Сакашвили во 2015 година доби украинско државјанство и беше именувам за гувернер на регионот Одеса.
Во јули минатата година Порошенко му го одзеде државјанството, а Сакашвили поднесе оставка на местото гувернер.