Четири лица од Скопје вчера во полиција пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, во 12,15 часот во Полициската станица – Центар С.П.(63) пријавил дека истиот ден во 11,45 часот додека се возел со велосипед по ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнати каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница.

Ѓ.И. (38) вчера во 15,00 часот во Полициската станица – Центар пријавил дека претходниот ден околу 11,00 часот на плоштад Македонија бил нападнат и каснат од куче скитник на задната страна од десната нога.

Вчера во 14,40 часот во Полициската станица – Ѓорче Петров С.М. (59) пријавила дека на 1-ви овој месец околу 09,30 часот на ул.“Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница. Покрај ова истиот ден во ПС Ѓорче Петров е пријавено од страна на В.Р. (60) дека околу 10,30 часот на посочената улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 02:00