Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки изгубил контрола и се превртел на патот. Од добиените повреди човекот почина на лице место, информираат за КУРИР од МВР.

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во која има и жртва.

Како што дознава КУРИР, околу 17 часот на булевар „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска), животот го загуби 38-годишниот Е.А.

-Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки изгубил контрола и се превртел на патот. Од добиените повреди човекот почина на лице место, информираат за КУРИР од МВР.

Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош.

Полиција веднаш излегла на терен.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 03:07