Владиниот план останува во сила, изјави претставник на владата на Ципрас, веднаш по вчерашниот протест во Атина.
Грчката влада нема намера да ја менува надворешната политика. Таа не се води со митинзи. Владиниот план останува во сила, изјави претставник на владата на Ципрас, веднаш по вчерашниот протест во Атина.
Коалицискиот партнер во грчката влада и министер за одбрана Панос Каменос, кој од првиот момент го поддржа протестот, има поинаков став. На „Твитер“ тој искоментира дека собирот бил душата на Грците.
Единството на Грците не може да го оцрнат радикални гласови. Протестот беше душата на Грците, независно од партиите и никој не може да не го почитува, напиша Каменос на „Твитер“.
Протестот преку „Твитер“ го коментираше и шефот на грчката дипломатија. На неговиот профил напиша дека „рејтинг агенциите добија демант“ и упати критики до опозициската Нова демократија.
„Продолжувам, со мирна совест и одговорност, да преговарам за доброто на татковината“, напиша Никос Коѕијас на „Твитер“.