Џенифер Лопез пееше хит по хит, ја одбележа годишнината со Алекс Родригез, премиерно изведе нова песна, му оддаде почит на Принц и промени осум костими за време на концерт во Минеаполис.

Сето ова го направи пред милионскиот аудиториум пред најголемиот спортски настан во Америка „SuperBowl“

Додека ги пееше своите хитови меѓу кои „Waiting for Tonight“, „Jenny from the Block“, „On The Floor“ и „I’m Real“, 48-годишната ѕвезда промени неколку аутфити – од леопардски комбинезон и спортски дрес, до провокативен костим во кабаре стил.

Концертот беше на првата годишнина на Лопез и Алекс Родригез, па таа не пропушти да го одбележи тоа.

„Заедно сме една година. Не сакам да бидам сентиментална, но бејби, оваа песна е за тебе. Те сакам“ – рече таа пред расположената публика.

Во сите комбинации изгледаше бомбастично и го истакна своето совршено тело на кое се му прилега одлично.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 21:58