Цената на Биткоинот утрово падна под 8.000 долари, со што е продолжен минатонеделниот пад на најпопуларната виртуелна ваулта.

Негативниот тренд на цената на биткоинот започнал кон средината на декември минатата година, кога во еден момент надминал 19.000 долари, но од тогаш цената паднала за околу 11.000 долари.

Биткоинот е потресен со објавата на некои од најголемите банки, дека забрануваат употреба на кредитни картички за купување на виртуелни валути.

Минатата седмица индискиот министер за финансии, Арун Јаитлеу, изјавил дека ќе преземе мерки за да се елиминира користењето на криптовалути за финасирање на илегални активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 21:59