Валандовка пријавила дека маж повеќе пати вршел полов напад врз 8-годишната ќерка, пробал и кај другата ќерка (15-годишна), но успеала да избега

Во полициската станица во Валандово, 41-годишна Валандовка пријавила дека маж (55) од село Пирава извршил полов напад врз нејзината осумгодишна ќерка, соопшти МВР.

Посочениот човек повеќепати во последниот месец сексуалното го злоставувал осумгодишното девојче, навела нејзината мајка.

Од полициската станица во Валандово наведуваат дека истиот маж се обидел да изврши полови напади и врз втората ќерка на жената која го пријавила случајот, но девојчето (15) успеало да му избега.

Полицијата презеде мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2018 12:20