Вработени во такси компанија вчера со тупаници решавале несогласувања во работниот однос. Таксист и диспечерка со своите брачни другари физички се пресметале, а поводот бил казната на таксистот со исклучување од радио-станицата на компанијата.
Како што соопшти МВР, во СВР Скопје во 23:35 часот телефонски било пријавено дека во централата на такси компанија на улица „Димитар Туриманџовски“ бил нарушен јавниот ред и мир.
„Во централата на такси компанијата дошле С.Р.(53), вработен како такси возач и неговата сопруга М.Р.(47) кои почнале да викаат и да ја навредуваат вработената-диспечерка Р.Л.(23). По кратко време, истата го повикала нејзиниот сопруг Б.К.(35) кој дошол во централата со негов пријател, при што дошло до меѓусебна пресметка помеѓу лицата. Причина за нарушувањето била тоа што С.Р. во текот на денот додека работел како такси-возач бил казнет-исклучен од страна на диспечерката Р.Л., се наведува во соопштението.
Според МВР се работи на целосно расчистување на случајот.