Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината конзервативна Христијанско демократска унија е подготвена да направи болни отстапки за да се постигне договор со Социјалдемократската партија околу формирање влада.
– Секој од нас ќе мора да направи болни компромиси и јас сум подготвена на тоа, изјави Меркел пред новата рунда преговори.
Таа истакна дека кога ќе се видат промените на берзите што се случија во последните неколку часа, може да се заклучи дека живееме во турбулентни времиња.