Дирк Новицки влезе во нова елитна група во најсилното кошаркарско натпреварување во светот, НБА лигата, откако на дуелот со Лос Анџелес Клиперс, ја мина границата од 50 000 минути на теренот.

Со тоа Германецот е само шестиот играч во Лигата кој го достигнува овој подвиг приклучувајќи им се на Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс.

За Новицки ова е 20-тата сезона во НБА лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 00:18