Се реализираше срамната одлука на владата на бившиот командант на УЧК, сега премиер на Косово, Рамуш Харадинај да им се исплатат по 10.000 евра на 29 обвинети за тероризам и терористичка организација, кои убија 8 македонски специјалци во кумановското Диво Насеље во мај 2015.

Министерството за финансии на Косово, вчера исплатило 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на инволвираните во терористичкиот напад на Куманово, оваа информација ја потврдил портпаролот на финансии Инсајдер Мухарем Шабани, пренесуваат косовските медиуми. Владата на Косово, одлуката ја донесе на 10 октомври лани и со ова предизвика револт кај граѓаните и експертската јавност на Македонија и Косово. Додека македонското МНР, под притисок на медиумите испрати соопштение со блага реторика по одлуката на косовските власти.

За време на посетата на премиерот Зоран Заев на Косово, со неговиот косовски колега имаа заеднички став за меѓународна истрага за обвинетите за тероризам и терористичка организација во Диво Насеље.

Судскиот процес за случувањата во Куманово за цело време беше следен од страна на претставници на меѓународната заедница, странски амбасади, како и невладини организации. Обвинетите во ниту еден момент не негираа дека биле на критичното место на 9 и 10 мај, 2015 година единственото што им сметаше беше правната квалификација која обвинителството за организиран криминал им ја стави на товар, терористичка организација и тероризам, тие пак се бранеа дека не се терористи туку борци на УЧК, кои во Куманово дошле да се борат за правата на Албанците.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 15:15