Србија сака да се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и поддржува се што ќе договорат двете земји, изјави денекса во Битоа српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.
- Република Србија и посакува на Македонија се најубаво како на близок сосед и традиционален пријател. Искрено се надеваме дека ќе се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и на тој начин целиот регион да се придвижи и да се искористи историската шанса посочена во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, а тоа е членство во ЕУ, изјави амбасадорката Дивјак Томиќ, одговорајќи на новинарско прашање по средбата со грдоначалничката на Битола, Наташа Петровска.