Магазинот „Форбс“ објави листа на најбогатите луѓе во светот на крипто-валутите. Листата се состои од 20 бизнисмени кои инвестирале во овој бизнис.

За да се најдете на листата треба да поседувате минумум 350 милиони долари, а просекот на годините на оваа листа е за 25 години помал од листата Топ 400.

Најбогат крипто-милионер е Крис Ларсен, ко-основач на Рипл со богатство кое што се проценува помеѓу 7,5 и 8 милијарди долари. По него следува Џозеф Лубин, ко-основач на Етерум и основач на Консенсис, со богатство помеѓу 1 и 5 милијарди долари.

Топ 10 најбогати луѓе во светот на крипто валутите:

1. Крис Ларсен, ко-основач на Рипл, 7,5-8 милијарди долари

2. Џозеф Лубин, ко-основач на Етерум, основач на Консенсис, 1-5 милијарди долари

3. Чанпенк Жао, директор на Бајнанс, 1,1-2 милијарди долари

4. Тајлер и Камерон Винклевос, ко-основачи на Виклевос Капитал, 900 милиони-1,1 милијарди долари (по човек)

5. Матју Мелон, инвеститор – 900 милиони-1 милијарда

6. Брајан Армстронг, директор Коинбејс – 900 милиони-1 милијарда

7. Матју Розак, ко-основач на BIoQ и основач на Тели Капитал – 900 милиони-1 милијарда

8. Антони Ди Јорио, ко-основач на Етерум и основач на Џекс енд Децентрал – 750 милиони-1 милијарда

9. Брок Пирс, директор на Биткоин Фондејшн и советник во Блок.Оне – 700 милиони-1 милијарда

10. Мајкл Новограц, директор на Галакси Диџитал – 700 милиони-1 милијарда



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 20:39