Постигнатиот коалициски договор помеѓу ЦДУ и СПД е силна основа за добра и стабилна влада оценува германската канцеларка Ангела Меркел. Таа посочи дека договорот ќе помогне во одржување на германската силна економија.

Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Хорст Зехофер смета дека договорот со Социјалдемократската партија нуди позитивен начин за надминување на поделбите во германското оптешство.

Партииите ЦДУ, ЦСУ и СПД постигнаа согласност за тоа како ќе изгледа коалицискиот договор, со што е отворен патот за формирање на третата по ред, а четврта во историјата на Германија, така наречена голема коалиција.

Изборите во Германиај се одржаа во септември минатата година, од кога земјата беше без влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 20:48