Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека Москва не гледа простор за преговори со новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп, пренесоа руските медиуми.
-Не можеме денеска ништо да кажеме за капацитетот за преговори на новата администрација, но, сепак, во однос на безнадежноста, од секој аспект, на поранешниот шеф на Белата куќа (Џо Бајден), денес има простор, иако мал, рече Рјабков.
„Според тоа, важно е да се разбере со што и со кого ќе треба да се справиме, како најдобро да изградиме односи со Вашингтон, како најдобро да ги максимизираме можностите и да ги минимизираме ризиците“, рече тој во Институтот за американски и канадски студии во Москва.
Трамп, кој ја презеде функцијата пред два дена, рече дека може брзо да ја заврши војната во Украина, без да прецизира како. Вчера тој предупреди дека веројатно ќе воведе повеќе санкции кон Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната, која трае речиси три години.
Трамп не откри детали за можните нови санкции против Русија, која веќе е под значајни западни санкции поради војната во Украина