Педесет и двегодишен Британец рано изутринат околу 4 часот бил пронајден мртов во тоалет на аеродромот во Скопје.
– На Граничен премин аеродром „Александар Велики“ – Скопје, од страна на обезбедувањето на аеродромот, во тоалетот, бил пронајден В.M. (52) од Велика Британија, кој не давал знаци на живот, соопшти МВР.
Смртта ја констатирал доктор од екипата за Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.