Строго ќе се ограничиме на нашата улога, на соработката на двата градови, за да испратиме порака дека соработка со градот Скопје е најдоброто нешто што можеме да го направиме во овие околности, вели атинскиот градоначалник во пресрет на средбата со неговиот скопски колега.

Говорејќи за радиото Тема 104.6, Јоргос Каминис, отфрла секаква можност со Петре Шилегов да разговараат за политичките случувања и разговорите за името.

„Одлучив да го поканам сега, токму за да испратиме порака дека градовите можат да соработуваат, можеме да ги разменуваме нашите искуства, можеме да соработуваме на илјада полиња и така да покажеме дека барем на ниво на ниска политика, и сакам да го потенцирам ова, на ниво на ниска политика, Скопје и Атина, а соодветно и двете земји, можат мирно да коегзистираат“, вели атинскиот градоначалник и објаснува дека со неговиот скопски колега ќе разговараат за социјална заштита, социјална култура, иновации и слично.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2018 15:16