Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска ќе го покрене прашањето за наплата на воени репарации од Србија за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Загреб следната недела.
– Барањата за воени репарации предизвикуваат оправдан интерес во јавноста и посетата на претседателот Вучиќ ќе биде можност да се разгледа тоа прашање, рече Пленковиќ.
Хрватска и Србија се двете најголеми поранешни југославски републики и поранешни противници во војните од 90-те години на минатиот век, кои следуваа по распадот на федерацијата. Конфликтот меѓу двете земји заврши во 1995 година со пораз на силите на хрватските Срби, кои беа поддржани од Белград, но војната до денес фрла сенка врз односите меѓу двете земји.