Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека единствениот договор со Србија, кој ќе донесе мир меѓу народот во Косово, ќе биде взаемното признавање.
Харадинај во интервју за „Гласот на Америка“ истакнува дека тоа би значело дека Косово ќе го прости, но нема да го заборави минатото.
По повод новата стратегија на Европската унија за Западен Балкан, тој вели дека Косово треба да „си ја заврши работата“ иако ЕУ го оставила настрана, со тоа што не одредила рок за негово членство.