Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин и серемонијалниот претседател на Северна Кореја Ким Џонг-нам се сретнаа и се ракуваа денеска, непосредно пред отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Ким, кој е претседател на Президиумот на севернокорејското Собрание ја предводи делегацијата од Пјонгјанг. Ким и Мун се сретнаа на свечениот прием на лидерите пред почетокот на ЗОИ, јави Јонхап. Ким Џонг-нам е највисокиот севернокорејски функционер, кој некогаш ја посетил Јужна Кореја. Мун и неговата сопруга ги пречекуваа високите гости еден по еден и се ракуваа со сите.
Според најавите, Мун утре ќе има ручек со севернокорејската делегација, во која се наоѓа и сестрата на лидерот Ким Џонг-ун, која е висок функционер во Политбирото.