За сите отворени прашања во рамките на преговорите ќе разговараат Димитров и Коѕијас, изјави портпаролот на грчката Влада во однос на тоа што ќе се најде на масата разговори на двајцата министри за надворешни работи на нивната следна средба.

Во врска со ставот на грчкиот претседател и други политичари во Грција дека се неопходни и измени во македонскиот устав, Димитрис Ѕанакопулос, потенцира дека е потребна промена на уставното име, но и ревизија на евентуални одредби во уставот кои алудираат на иредентизам.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2018 23:50