Имитатори маскирани во американскиот претседател Доналд Трамп и во лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, кои заедно се појавиле на свечената церемонија, биле исфрлени од Олимпискиот стадион во Пјонгчанг .
Тие додадоа дека имале карти за отворањето на Олимпијадата, но биле исфрлени откако почнале да ги прогонуваат бројни новинари. Од друга страна, организаторите истакнале дека двајцата мажи седнале на местата кои биле наменети за медиумите, односно дека поради тоа морале да го напуштат стадионот.