По 15 натпревари на Вардар без пораз во лигата на шампионите Барселона успеа да ги освои трите бода на средбата од лигата на шампионите. Шпанскиот тим победи со 29-28, но и покрај тоа „црвено-црните" остануваат на првото место на табелата во А групата во лигата на шампионите.

Имавме дури и шанса во последната минута да се надеваме на реми, но судиите предолго го толерираа неактивниот напад на домаќините. Триумфот или бод можеше да ни донесе уште помирна завршница и побрза заверка на првото место и директниот пласман во четврт-финалето на ЛШ. И сега сѐ е во наши раце, ние сме прво место имаме предност од еден бод во однос на Нант, и уште три натпревари за играње.

До крајот на натпреварите од групната фаза Вардар игра дома со ПИК Сегед, потоа гостува кај Нант и на крајот е домаќин на Висла Плоцк. Секој натпревар е важен, и секој бод ни носи поголема шанса за директно четврт-финале.

Во второто полувреме му дозволивме на шпанскиот тим лесно да ги казнува нашите грешки, па и кога ја губевме топката од контра реализираа. Ние потешко се снаоѓавме на нивната позициона одбрана, која на моменти беше и поагресивна од нормалното. Разликата од 3-4 гола во корист на домашните во самата завршница се стопи, но веќе немаше време за целосен пресврт.

Ова беше 14. натпревар на Вардар и Барселона во ЛШ, и продолжува традицијата тимот од Шпанија на домашен терен да победува.

Го имавме и Арпад Штербик на голот со 14 интервенции, но противничкиот голман Перез де Варгас имаше три помалку, но повеќе во клучните моменти.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2018 01:42