50- годишниот исцелител е уапсен под сомнение дека со 30 годишен Никола К. Сакале да изнудат половина милион евра од 57 годишен Белграѓанец во манастир во Шид.
Додека траело апсењето, пред неговата канцеларија во Белград чекале 20 луѓе за магот да ги спаси од магии.
Тој и е познат на полицијата и бил осудуван за измами и изнуди.
Се почнало кога Никола отишол кај Драго за да му ја симне црната магија. Тој рекол дека ќе го излечи ако му помогне да земе половина милион евра од Белграѓанецот . Планот го извеле ден пред Нова година во манастирот кај Шид. Богатиот Белграѓанец дошол во манастирот, кога Никола го онеспособил со електрошок и под закана со пиштол барал да му исплати 500 000 евра за да не му наштети нему и на неговото семејство.
Му кажале каде точно да ги остави парите и го пуштиле. Белграѓанецот ги пријавил во полиција по што двајцата изнудувачи се уапсени.
Инаку Белиот маг и претходно, пред 11 години, бил осуден за изнуда, бидејќи на роднините им се заканувал со црна магија ако не му дадат пари.
На тој начин ,,заработил “ 300 000 евра, но потоа одлежал 5 години затвор.