Вардар си обезбеди место во четврт-финалето на лигата на шампионите, но нашите девојки сигурно чекорат и на патот кон Ф4 турнирот во Будимпешта. На последниот меч од Главната фаза на ЛШ во Скопје беше победен Будуќност со 31-24.

„Црвено-црните" одиграа речиси маестрално, а Андреа Пенезиќ беше избрана од страна на ЕХФ за една од трите ѕвезди на колото. Хрватската ракометарка сезонава постојано е во фокусот како една од најдобрите ракометарки, не само на одредени натпревари туку и воопшто во дресот на европскиот вице првак.

На дуелот со Будуќност нашиот лев бек постигна осум голови. Покрај Пенезиќ во најдобрите три ракометарки на колото се најдоа уште и Ксениа Смитс од Мец и Ана Седојкина од Ростов.

Во изборот на ЕХФ за ова коло место имаше и за голманката Амандин Лејно. Таа се најде меѓу Топ-5 одбранети топки на колото.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 00:34