Вчерашната билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Грција и Македонија, како и денешната заедно со медијаторот Нимиц се најдоа во фокусот на грчките медиуми, а прашањето со името, повторно, се искачи високо на агендата на новинарите кај јужниот сосед. Медиумите, за средбите во Виена велат дека се „ненадејни“ и за „интензивирање на разговорите за името“.

„Катимерини“ пишува дека контактите го потврдуваат интензивирањето на преговорите, а според дипломатски извори на весникот, во следните седмици дополнително ќе се згуснат овие контакти и средби.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 15:51