Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста. Електронската трговија е од ислучителна важност и за намалување на сивата економија во Република Македонија. Во Република Македонија до сега не постоеше официјално тело чиј домен е токму е-трговијата и нејзинот развој. Потребата за асоцијација за е-трговија покрај Grouper ја препoзнаа и Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Адвокатската канцеларија Станковиќ и Јошевска, порталот Bankarstvo.mk, и Друштвото за копјутерски консултатски услуги ММ Дисоски кои се и основачите на асоцијацијата. Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е Д-р Нина Ангеловска.
Ангеловска е ко-сопственик и директор на Grouper кој е директно заслужен за раздвижувањето на е-трговијата од 2011 година. Покрај бројните ангажмани како говорник, тренер и предавач, тековно таа е ангажирана и како консултант за e-бизнис и е-трговија во Македонски Телеком. Со нејзиното богато емпириско искуство во полето на е-трговијата, но и теоретско со нејзиното академско образование на полетото на е бизнисот заокружено со одбранетиот докторски труд на тема “Одговорите на менаџментот на предизвиците во е-трговијата во Македонија – Случај на сајт за групно купување преку дневни зделки Grouper.mk”, Ангеловска е назначена како претседател кој ќе ја води асоцијацијата за е-трговија. Таа е прпознаена со бројни награди и признанија со кои се здоби почнувајќи од студенстските денови заокружена во моментот со изборот од Форбс на листата ”30 под 30” во Retail & eCommerce
Ангеловска ја истакнува значајноста за развојот на е-трговијата во земјава и посочува дека формирањето на оваа асоцијација е неопходност за сите засегнати страни во е-трговијата и државата со цел да се креира поволна клима за економски раст.
“Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија. Со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни.” – вели Ангеловска.
Првиот проект на кој работи асоцијацијата е изготувавање на сеопфатна анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија. Д-р Ангеловска посочува дека скенирањето на постоечката состојба на полето на е-трговијата ќе биде појдовна точка за предлози за понатамошни активности и проекти на асоцијацијата. Првата прес конфенреција на која ќе се презентира анализата и програмата на асоцијацијата ќе се одржи на крајот на месец март.
“Не радува што има многу голем интерес и расположение за вклучување од навистина голем број на компании и институции. Ги охрабруваме сите учесници во е-трговијата, вклучувајќи ги финансиските институции, инфраструктурните провајдери, софтверските компании, сите компании кои нудат производи и услуги онлајн, организациите кои нудат формално и неформално образование, софтверските компании, макркетинг агенциите и останатите засегнати организации и компании да ни се придружат и да земат активно учество во асоцијацијата” – посочуваат од АЕТМ.