Нашата позиција е јасна – сложено име за севкупна употреба, и кога велиме за севкупна употреба мислиме и во внатрешноста на соседната земја, за што предуслов е промена на Уставот, вели заменикот-министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос, и предупредува дека Атина нема да отстапи од овие позиции.
Продолжуваат преговорите на ниво на министри за надворешни работи, вели Санторињос во врска со средбата на шефоите на дипломатиите на двете земји во Виена, без притоа да открие дополнителни детали за разговорите меѓу двајцата шефови на дипломатиите и медијаторот Метју Нимиц.
Санторињос во интервју за грчката телевизија SKAIкај, ги повтори грчките позиции за сложено ерга омнес име, објаснувајќи дека „не може да го смениш името за севкупна употреба и за во внатрешноста на земјата, ако не го смениш Уставот“.
„Нашата позиција е јасна сложено име за севкупна употреба и кога велиме за севкупна употреба мислиме и во внатрешноста на соседната земја. Кога велиме за севкупна употреба, предуслов е промена на Уставот“, рече Санторињот.
Рече и дека е особено важно тоа што Македонија направи промени во имињата на аеродромот и автопатот, што, според него, е важен чекор и „отстапување од иредентизмот“.
Во однос на несогласувањата од коалициониот партнер во владата во Атина, Панос Каменос, Санторињос вели дека Грција, веќе одамна има прифатено име со терминот Македонија.
„Во овој момент немаме една земја што нема име. Има име, секако привремено име за кое имаме потпишано ние, во кое е вклучен терминот Македонија и исто така имаме и 130 земји што ја имаат признаено под нејзиното уставно име“, заклучи Санторињос.