Лидерот на германските социјалдемократи Мартин Шулц поднесе оставка. Причината лежи во незадоволството на дел од сопартијците со постигнатиот договор со демохристијаните за широката коалициска влада. За наследници се спомнуваат градоначалничката на Фленсбург Симоне Ланге и шефицата на пратеничката група во Бундестагот Андреа Налес. Изборот за лидерската позиција на социјалдемократската партија е закажан за 22 април.
„Го информирав раководството на партијата дека поднесувам оставка од позицијата на партиски лидер. Ми се допаѓаше работата. Им предложив на главните членови на СПД и едногласно прифатија да биде предложена Андреа Налес за нов партиски лидер“, изјави Шулц.
За спогодбата со Меркел ќе следува внатрепартиски референдум на кој треба да се изјаснат 460.000 социјалдемократи. Резултатите од партиското изјаснување се очекуваат во почетокот на март. СПД ќе раководат со шест министерства, меѓу кои и оние за финасии и за надворешни.
Според најновите анкети, помалку од 17% од избирачите би гласале за СПД, со што ги дели само еден процент од ултраденисчарите на „Алтернатива за Германија“.