Повеќе од 20 двојки беа уапсени во Индонезија поради прославување на Денот на вљубените и покрај забраната од властите.
Во Сурабаја, втор град по големина во Индонезија на исток од Јава, полицијата спроведе рација во хотелите и уапси повеќе од 20 двојки за кои се сомнева дека ја прекршиле забраната за славење на 14 Февруари, односно Денот на вљубените.
Неколку градови во Индонезија забранија празнување на Денот на вљубените, а полиција „ловот на вљубени“ го спроведе во повеќе провинции во таа најмуслиманска земја.
На островот Ломбок, кај Бали, локалните власти на градот Матарама и наредија на полицијата да ги проверат и училиштата и да откријат дали некој од ученицитетајно го слави празникот, кој е карактеристичен за Западот. крши законот
Во хотелите и кафеаните на тој остров, сепак, е дозволена забава на темата Ден на вљубени.
Во провинцијата Ачех, единствена во Индонезија во која се применува шеријатскиот закон, властите го забранија Денот на вљубените со образложение дека тој не е дел од нивната култура.