Вооружен напаѓач денеска пукаше во гимназија во Флорида при што има загинати, јавија американски медиуми, пренесе МИА.
- Осомничениот за нападот е приведен, изјави портпарол на полицијата.
Во порака на Твитер локалниот шериф наведе дека има најмалку 14 жртви од гимназијата Марџори Стоунман Даглас во градот Паркленд на Флорида, без притоа да прецизира дали се работи за загинати или повредени. ВО текот на вечерта американските медиуми известија дека бројката се искачила над 20 загинати деца.
Уапсениот е ученик од тоа училиште.
- Во нападот има загинати неколку лица, изјави сенаторот на Флорида, Бил Нелсон за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си.
Според американски медиуми, бројот на жртвите може да достигне и над 25. Претходно полицијата соопшти за најмалку еден загинат и 20 ранети.
На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами.