Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис откако се најде под жесток притисок за предлогот околу името на солунскиот аеродром „Македонија“ доби поддршка од својот атински колега Јоргос Каминис, кој го опиша како „вистински патриот“.

„Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, објави Каминис на Твитер во однос на 27-годишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Бутарис, на почетокот на неделава, се најде на остра критика по предлогот дека Солун би требало да размисли околу преименување на аеродромот „Македонија“ по познатиот грчки кошаркар Никос Галис, даден во контекст на преговорите меѓу Грција и Скопје за решавање на спорот за името.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 11:55