„Тимот на светот“ со убедливи 155:124 ја совлада екипата на САД во Ол-стар натпреварот „Ѕвезди во подем“.

За најкорисен играч беше прогласен дебитантот од Сакраменто Кингс, српскиот бек Богдан Богдановиќ, кој мечот го почна од клупата, но за 21 минута на теренот постигна 26 поени, четири скока, шест асистенции и една украдена топка.

Од останатите играчи од „Тимот на светот“се истакнаа уште и Џамал Мареј (21 поен, шест скока, седум асистенции), Дарио Шариќ (18 поени, пет асистенции), Лаури Марканен (15 поени) и Домантас Сабонис (13 поени, 11 скока).

Кај Американците најдобар беше бекот на Бостон, Џејлен Браун, со 35 поени и 10 скока.

Ова е трета победа на остатокот на светот во однос на ривалите од САД во последните четири сезони.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 20:39