МЗТ Скопје Аеродром успеа да ја совлада Блокотехна со 78:89 и обезбеди пласман во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија.
Актуелниот шампион во домашното првенство во борба за титулата ќе се соочи со „вечниот ривал“ Работнички.
Амбициозната Блокотехна го отвори натпреварот во своја корист, при што Мијатовиќ постигна 13 поени за дванаесетина минути и дојдоа до предност од 31:24, а потоа и од 36:26.
Но, ни МЗТ не остана должен и со брза игра на тандемот Стојановски-Трајковски успеа да ја врати предноста во своја корист.
„Штрковите“ ја одржаа позитивата до крајот на натпреварот.
Крофорд со 32 постигнати поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а Мијатовиќ со 21 поен кај Блокотехна.
Последен пат двата тима играа за трофеј во 2011 година, а Работнички го совлада МЗТ со 74:69.