Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска изјави дека долгоочекуваното официјализирање на војската чука на врата.

Тачи рече дека е решителен во тоа Косово да добие своја војска, додавајќи дека стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.

Денеска во Собранието на Косово се одржа свечена седница по повод одбележување на 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово. Претседателот на Собранието, Кадри Весели, оценил дека Ослободителната војска на Косово со Адем Јашари, илјадниците нејзини припадници, како и мировниот проект на Ибрахим Ругова, се синоними за слободата на Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 01:57