Премиерот на Албанија, Еди Рама, на десетгодишнината од независноста на Косово излезе со нов предлог, во иднината Албанија и Косово да имаат заеднички претседател, како симбол на национално единство.

– Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади и исти дипломати, но зошто да не еден претседател како симбол на национално единство и национална политика на безбедност“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, истакна дека на Косово му треба поодговорна работа на институциите.

– Ние мора да дејствуваме за да се создаваме услови за многу побрзо темпо и содржински економски развој. Втората деценија на независноста мора да биде деценија на економската благосостојба на граѓаните на Косово, рече Кадри Весели, претседател на Собранието на Косово.

Присутни на оваа свечена седница беа и претседателот на Албанија, Илир Мета, поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, претседателот на ДП, Љуљзим Баша, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вицепремиерот на Македонија, Хазби Лика, поранешен администратор на УНМИК Бернард Кушнер, поранешниот амбасадор на ОБСЕ Вилијам Вокер, како и многу странски дипломати.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 02:02