Вардар останува на првото место во група А во лигата на шампионите по триумфот над Пик Сегед, 34-30 (16-14) и на две кола до крај на групната фаза е чекор поблиску до директен пласман во четврт-финалето на ЛШ. Сега ни остануваат уште два натпревари, оној во гости кај Нант и на домашен терен против Висла Плоцк. На тие два натпревари ќе бараме два бода со што ќе го завериме првото место во групата.

Откако ППД Загреб на домашен терен во саботата го победи Нант, нам ни се отвори вратата од четврт-финалето, и остана на самите нас да го решиме директниот пласман меѓу најдобрите осум во лигата на шампионите. Го искористиме тој резултат и пред домашна публика победивме, иако тоа не беше нималку лесно.

Со право очекуваше тежок натпревар нашиот тренер Раул Гонзалес против Пик Сегед. Унгарците во текот на првото полувреме знаеја како да се одбранат, но и да реализраат напад.

Ние ја имавме иницијативата и водството, но никако не можевме да се одлепиме резултатски. Во средната на првото полувреме гостите имаа дури и предност неколкупати од еден гол.

Почнавме со Кањељас, Циндриќ и Криштопанс на бековските позиции и Марсениќ на линијата од шест метри, но долго се бараше поставата на теренот што ќе може да направи некој значителна предност. Потоа и Македа, Борозан, Стоилов па на крајот од првото полувреме и Кaрачиќ.

Поради интензитетот на играта ниту еден од тренерите не бараше тајм аут, сѐ до последните две минути. Секој тим имаше своја тактика што се обидуваше да ја спроведе, и да постигне гол. Некогаш тоа минуваше лесно, некогаш тешко, но во најголем дел од првите 30 минути се играше „гол за гол" на двете страни.

Гостите покажаа дека не се дојдени да се предадат, и во периодот од 3. до 8. минута направија серија од 4-2 со која водеа 6-5. Одбраните имаа тешка задаќа, ние да се справиме со нивниот пивотмем Бенче Бахиди а на моменти добро играше и Иван Сршен. Но, добро функционираше нашата контра и тој дел од играта беше добар, па имавме и лесни голови, пред сѐ од Шишкарев. На другата страна Дибиров постигна пет гола, од што еден од пенал.

Голманите во овој период не се истакнуваа премногу, иако и двајцата имаа по неколку добри интервенции. Арпад Штербик имаше пет успешни одбрани..

Второто полувреме го почнавме со добра игра и по двете интервенции на Штербик и добрата одбрана направивме водство од 21-16 иако во тој момент имавме и исклучен играч. Функционираше во играта онака како што посакувавме. Пик Сегед не се предаваше и ја користеше секоја наша грешка, па брзо намалија на 22-20 што беше знак за нашата клупа да се побара тајм аут. Потоа во игра влезе и Страхиња Милиќ имаше два добри интервенции, и Вардар повторно водеше со „плус 4", 24-20.

Дека ќе биде неизвесно до самиот крај покажаа гостите кои не се откажаа ниту кога имаа негатива од 21-25. Ги искористија шансите, и намалија на 24-25. Од тој момент па се до 58 минута с еигра „гол за гол" и Вардар е постојано во водство од два гола, а Пик Сегед намалува на „минус еден" и така двата тима „се бркаат".

По исклучувањето на Дош Сантош имавме шанса да реализираме, но ударот на Дибиров од крило го одбрани голманот Сиера. Но, и гостите погрешија а Шишкарев тоа го искористи на ново водство на Вардар од два гола, 31-29. Унгарците фрлија на „сѐ или ништо", па по тај аутото играа без голман, а тоа беше ризик што Вардатр знаеше да го искористи, двапати украде топка,и Шишкарев и Карачиќ постигнаа голови со кои Вардар веќе беше недостижен.

Тимур Дибиров повторно одигра маестрално и постигна 11 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 02:26