Вардар се наоѓа на два чекори до директен пласман во четврт-финалето на лигата на шампионите по триумфот над Пик Сегед од 34-30 (16-14). Сега ни остануваат уште два натпревари, оној во гости кај Нант и на домашен терен против Висла Плоцк. На тие два натпревари ќе бараме два бода со што ќе го завериме првото место во групата.

Откако ППД Загреб на домашен терен во саботата го победи Нант, нам ни се отвори вратата од четврт-финалето, и остана на самите нас да го решиме директниот пласман меѓу најдобрите осум во лигата на шампионите. Го искористиме тој резултат и пред домашна публика победивме, иако тоа не беше нималку лесно.

Раул Гонзалес - тренер на Вардар

„Имавме тешка средба. Секогаш кога игравме против ПИК Сегед играме тежок дуел бидејќи противникот е одлично подготвен. Во првите 15 минути не бевме добри и ни беше потребно време за да влеземе во дуелот. Имавме предност од пет гола, но знаевме дека против ривал како Пик Сегед тоа не е доволно бидејќи треба да се игра до крај. Игравме и под притисок бидејќи овој дуел многу ни решаваше во однос на првото место. Задоволен сум од моите момци и можам да им честитам за прикажаното. Оваа победа е многу важна за нас и можеме да бидеме задоволни бидејќи сме на врвот.

Тимур Дибиров - играч на Вардар

„ПИК Сегед не се наоѓа на позицијата на која треба да биде. Играат добар ракомет, но имаат помалку бодови од што заслужуваат. Среќни сме за победата бидејќи надигравме тим каков што е ПИК Сегед. Ова е состав кој игра со голем интензитет. Ја бараме играта од првата полусезона, но тоа се враќа со тренинзи така што ќе успееме навреме да се вратиме во ритам., ПИК Сегед е тим кој може да победи против секого така што ова беше како проба за нас и очекувам и понатаму да играме добро и квалитетно.

Хуан Карлсо Паштор - тренер на Пик Сегед

„Вардар игра одличен ракомет во последните неколку години. Ова беше тешка средба од друга страна игравме многу умно. Им честитам на моите ракометари кои прикажаа добра игра. Мечот беше добар. Промашивме неколку удари. Имавме негатива од пет гола, но се вративме, па заслуживме повеќе. Ако го споредиме дуелот во однос на оној со Рајн Некар тука игравме и подобро. Ако играме вака и на следните средби имаме шанси во Лигата на шампионите. против тим како Вардар секогаш мора да се даде максимум.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 02:28