Кошаркарите на МЗТ Аеродром Скопје беа подбри Работнички во финалето во Кавадарци славеа со 76:67 (17:14, 16:17, 21:17 и 22:19), и по деветти пат во својата историја го освоија пехарот од Купот на Македонија, со што се израмнија според освоените титули со најголемиот ривал во ова натпреварување.
МЗТ Скопје не успеа резултатски да профитира од подобра игра во првото полувреме и на паузата се отиде со два поена разлика (33:31). Во вториот дел Работнички продолжи со играта од првите две делници, повремено заканувајќи му се на противникот, меѓутоа, Мираковски, Костов и Чековски, не усепеаја да добијат поддршка од соиграчите за конкретен резултатски пресврт.
Фото: Екипа.мк