Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО требаше одамна да биде одблокиран, смета претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер.
– Патот на Скопје кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено, вели Ишингер на неговиот твитер профил.
Тој коментираше на твитот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека Македонија е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и оти по долго чекање време е за пробив на земјата во ЕУ и НАТО.
– Македонија е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искиристи приликата за забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех, вели Димитров кој на крајот му се заблчагодарува на Ишингер за одличната организација на Минхенската безбедносна конференција.
Шефот на дипломатијата Димитров заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваа на 54. Минхенска безбедносна конференција што се одржа минатата недела, која се смета за водечки глобален форум на кој се дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.