Норвешките ски-скокачи го освоија златниот медал во тимска конкуренција на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежаните во состав Јохан Андре Форганг, Роберт Јохансон, Андреас Стјернен и Данијел Андре Танде Јоахнсон триумфираа со вкупно 1.098,5 бодови.

Среброто со 1.075,7 бодови го освоија Германците, а бронзата им припадна на Полјаците со 1.072,4 бодови.

За Норвешка ова е 11-то злато, од вкупно 28 медали освоени во Пјонгчанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 20:44