Оваа година овој филм е единствено учество на Република Македонија на престижното Берлинале. Од македонска страна во неговото создавње учествуваа монтажерот Блаже Дулев, Александар Пејовски е ко-композитор, а супервизор и креатор на визуелни ефекти е Крсте Господиновски.

Дебитантскиот филм на Марисја Никитук, копродукција помеѓу Украина, Полска и Македонија, денеска ќе има светска премиера на филмскиот фестивал во Берлин во програмата „Панорама“.

Оваа година овој филм е единствено учество на Република Македонија на престижното Берлинале. Од македонска страна во неговото создавње учествуваа монтажерот Блаже Дулев, Александар Пејовски е ко-композитор, а супервизор и креатор на визуелни ефекти е Крсте Господиновски со цел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти, соопшти Фокус ин, македонскиот продуцент на филмот.

Во текот на фестивалот филмот ќе има пет проекции и две затворени проекции за филмските професионалци и ќе се натпреварува за неколку награди - за најдобар прв игран филм (50.000 евра), награда на публиката на „Панорама“, награда CICAE Art Cinema, награда Peace Film, награда на Heiner Carow, награда на Екуменското жири и за етикета на Еуропа синемас (Label Europa Cinemas).

Филмот доби финансиска поддршка од Украинската државна агенција за филм, од Полскиот филмски институт и од Агенцијата за филм на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 13:21